Две сириски деца загинаа во нов инцидент со чамец со мигранти, кои се обидувале да стигнат до грчкиот брег преку Егејско море.
Петнаесет лица се спасени од крајбрежната стража откако нивниот чамец се превртел во немирното море во близина на Бодрум. Меѓу спасените е и едно четиригодишно девојченце.
Во водата се најдени телата на две сириски деца.
Во чамецот патувале 20-тина лица.Спасувачката операција е се уште во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.