Терористите кои извршија крвавиот масакр во Париз на 13 ноември купиле од Германец две автоматски пушки „застава М70’, односно два „калашникови“ од српско производство.
Во почетокот на ноември терористите преку интернет контактирале маж во Германија за да купат оружје. Според пишувањето на „Билд цајтунг“, тие се интересирале за четири „калашникови“.
Нивната нарачка содржела две автоматски пушки АК-47 од кинеско производство и две автоматски пушки „застава М70“, кои се произведуваат во Крагуевац, во Србија.
Оружјето од Париз било платено на 7 ноември а кучувачот бил со арапско потекло, пишува германскиот весник. Според информациите оружјето го продал извесен Саша В. (34) од местото Маштат во Баден Витенберг. Осомничениот бил приведен во понеделник а полицијата поседува докази дека бил во контакт со „Арапот од Париз“. Саша бил уапсен кога истрагата открила онлајн платформа која се користела за трговија со оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.