| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен турски камион полн со оружје на пат за Белгија

puski vincester

Италијанската полиција запленила камион полн со оружје кој од Турција патувал кон Белгија преку Трст, соопштија тамошните власти.

Камионот имал турски регистарски таблички и бил управуван од турски државјанин кој без дозвола превезувал 781 сачмарка од типот „винчестер СХП“.

Пушките биле наменети за лов и не се сметаат за оружје за напад, но полицијата вели дека по нападите во Париз значително е засилена контролата на границата.

Со оглед на деликатната природа на товарот, неговата крајна дестинација, веднаш е проверена документацијата на камионот. Според податоците на производителот, овој модел на сачмарка е најбрз на пазарот, кој може да истрела три куршуми за пола секунда, наведува „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top