Билансот на загинатите во падот на хеликоптерот „Ми-8“ на подрачјето на Краснојарск во источен Сибир достигна 15 лица, додека десет се наоѓаат во болница на интензивна нега, сооппштија денеска локалните власти.
– Во хеликоптерот се наоѓаа вкупно 25 лица, од кои 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци, загинале 15 лица, а десет се на интензивна нега – изјави портпаролката на локалниот државен обвинител, Оксана Горбунова, јави ТАСС.
Таа додаде дека телото на еден од загинатите сѐ уште се извлекува од остатоците од леталото.
Хеликоптерот се урнал кусо по полетувањето, на тешко достапен терен околу десет километри од градот Игарка и тој е речиси целосно уништен.
– Леталото падна во реката Енисеј и моментално се наоѓа на мразот – соопшти локалната полиција.
Повредените се евакуирани во болницата во Игарка, а до таму со специјални возила за снег ги префрлиле спасувачите и локалното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пет причини за падот на вредноста на турската лира
-
Летав 30 метри – поранешниот голман на Каљари раскажува како го преживеал падот од надвозникот
-
Американски војници повредени кога хеликоптер им го оддувал шаторот
-
По земјотресот во Мексико се урна хеликоптер со мексикански министер, неколкумина мртви