| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Односите со Турција одат кон ќор-сокак

putin-otnosheniqta-ni-s-turciq-otivat-kym-kiorsokak-340874

Имаме чувство дека нашите односи со Турција одат кон ќор-сокак, изјави Владимир Путин.
Рускиот претседател истакна дека неговата земја жали за влошените односи со Анкара, но ги обвини властите во таа држава за активности во таа насока. Тој го опиша соборувањето на рускиот „Су-24“ како прекршување на меѓународните правни норми.
– Тоа е удар во грб, нанесен од земја што ја сметавме за пријател. Досега не сме добиле извинување за нашиот авион, коментира тој. Ние исто така се залагаме да биде формирана меѓународна коалиција за борба против тероризмот, која да биде единствена и да ги поддржува нашите напори – додаде Путин.
– Ние ќе продолжиме со напорите за постигнување договор во однос на Сирија – категоричен беше Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top