Од Турција доаѓа терористичка закана, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
– Не исклучуваме закана од страна на Турција и поради тоа ги превземаме сите мерки, со кои може да се обезбеди безбедноста на луѓето и нашата земја, посочи претставникот на Кремљ.
Тој исто така посочи дека закажаната посета на турскиот претседател Реџеп Ердоган во декември, не е откажана.
Во исто време многу прашања остануваат да висат во воздух, рече портпаролот на претседателот на најголемата по територија земја во светот.
Песков, изјави дека Русија не наметнува ембарго за увоз на турски стока, туку само воведува построга контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.