| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес го погоди Бразил

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Бразил во близина на границата со Перу, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

zemjotres

Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Таруака, на длабочина од 603 километри, пишува МИА.

Нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Во таа област вчера беа регистрирани два силни земјотреса.

Првиот со интензитет од 7,5 степени беше регистриран на територијата на Перу, на 173 километри северозападно од градот Иберија.

Вториот земјотрес беше со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала и тој, исто така, беше регистриран во Перу.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top