Џовани Гамбино, синот на мафијашкиот бос Џон Гамбино, изјави дека мафијата би можела да заштити делови на Њујорк од Исламска држава, и додаде дека заканата за растењето на глобалниот тероризам е шанса да ја покаже „својата добра страна“.
Федералното истражно биро (ФБИ) и полицијата се ограничени во она што го работат, често реагираат со задоцнување, немаат широка слика за она што се случува поради „недостиг на интелегенција“, рече Џовани Гамбино во интервју за холандско радио.
Мафијата и нејзините приврзаници се поврзани со населбите на смислен начин. Во оние делови на Њујорк каде влијанието на Сицилија е големо, припадниците на Исламската држава нема да бидат во можност да нападна, рече Гамбино.
Тој додаде дека мафијата се грижи за нивните пријатели и семејството да бидат заштитени од екстремистите и терористите, а посебно до „бруталната организација која себеси се нарекува Исламска држава“.
Гамбино верува дека холивудските ѕвезди, како што се Ал Пачино и Роберт де Ниро, мора да бидат повеќе ангажирани во јавноста против Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк