| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска облачно, од утре нов влажен бран

есен

Во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со повремени  врнежи со послаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во ноќните часови, почнувајќи од запад, повторно ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност од Медитеранот, кој ќе донесе нови врнежи, а на планините во западна Македонија ќе има снег. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 8 до 14 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје во текот на денот ќе биде претежно облачно со слаб ветер од северозападен правец. Врнежи од дожд ќе има во ноќните часови. Дневната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре нè очекува нов влажен бран  со дожд,  кој на места ќе биде пообилен и над 35 л /м2. Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места ќе паѓа снег, а ќе се формира и снежна покривка, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи со променлив интензитет. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top