| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеаниот руски пилот: Турците не нѐ предупредија пред да пукаат

Преживеаниот пилот од соборениот руски авион открива детали од инцидентот на турско-сириската граница.

Тој истакнува дека не добиле никакво предупредување од турската страна пред нападот и дека авионот не летал во воздушниот простор на Турција. Вториот пилот на рускиот авион, соборен од турската војска, Константин Муракхин инсистира на својата изјава дека нивното летало не ја минал во турскиот воздушен простор и дека немало никакво предупредување пред нападот.

 

Навигаторот истакнува дека не добиле никакво визуелно или радио предупредување пред да биде пукано на нив. ­

– Летавме на височина од 6.000 метри по ведро време и имавме тотална контрола за време на летото  – истакна спасениот пилот.

Муркхтин воедно ги отфрли тврдењата на турското воено воздухопловство дека пилотите биле повеќе пати предупредени пред да биде пукано на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top