| четврток, 6 декември 2018 |

Турција објави аудио снимка: Сменете го курсот веднаш

697269_ruski-avion1-foto-tanjug-ap_ff

Турција објави аудио снимка на која се слуша предупредување на војската упатено кон рускиот авион, кој вчера беше урнат на границата со Сирија.

„Зборува турската авијација. Се приближувате кон воздушниот простор на Турција. Променете го курсот моментално.“
Турската војска излезе со соопштение во кое се наведува дека рускиот авион бил 10 пати предупредуван на секои 30 секунди, пред турските борбени авиони „Ф-16“ да го урнат. Воениот врв на САД ги поддржа тврдењата на Турција.

Од друга страна преживеаниот руски пилот Константин Мурахтин, изјави дека немало никакви предупредувања од турската страна, пренесува РИА Новости. Спасениот авијатичар изјавил дека не добил никаков сигнал, ниту радио звуци, ниту визуелни предупредувања, пред авионот да бидат погоден од турските воздушни сили. Ракетата не удри од позади, изјави Константин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top