| четврток, 6 декември 2018 |

Руските туроператори ги откажуваат аранжманите во Турција

авион

Рускиот туроператор „Бриско“ соопшти денеска дека ги прекинал продажбите на аранжманите кон Турција по соборувањето на рускиот авион Су­24 од турската воена авијација, јави ТАСС.

Претходно, руската туристичка агенција „Пегас“ ги прекина сите патувања до Турција до 29 декември, а вчера и туроператорот „Натали турс“ ги запре продажбите на аранжмани кон таа дестинација заради ситуацијата. ­ Загубите на рускиот туристички сектор од запирањето на продажбата на аранжманите во Турција може да бидат поголеми отколку загубите од „затворањето“ на Египет како дестинација ако ситуацијата не биде решена во следните месеци, предупреди Асоцијацијата на туроператорите на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top