Лекарот Игор Четојевиќ кој го советуваше Новак Ѓоковиќ да го исфрли глутенот од исхраната, говореше за неверојатните успеси на најдобриот светски тенисер на светот.
За првпат Новак Ѓоковиќ и Четојоевиќ се сретнале во Сплит во 2010 година во рамките од Дејвис купот меѓу Хрватска и Србија. Во тој период Ноле имал сериозни проблеми со алергиите, па лекарот му посоветувал да го исфрли глитенот од исхраната. По ова веднаш на стартот на новата сезона, Ѓоковиќ ги шокираше сите со феноменалните игри на тениските терени.
Следната 2011 сезона, Србинот ја започна неверојатно со 43 победи во низа, по што следеше освојување на три гренслем титули и стана најдобар тенисер на светот.
После фантастичниот успех на Ноле, многумина спортисти посакаа да соработуваат со лекарот Четојевиќ.
– Пред и после соработката со Ноле, работев и со повеќе или помалку успешни спортисти, но сигурно тој е човекот кој успеа да промени многу граници и размислувања на работата врз себе. Тој е пример како треба да се однесува еден професионален спортист – изјави Четојевиќ.
Новиот режим на исхрана многу влијаеше на играта на Новак. Имаше повеќе енергија и сили за долги и тешки натпревари – додаде лекарот.
– Секој професионален спортист знае дека квалитетната исхрана е неопходна за постигнување на врвни резултати. Ова може сликовито да се објасни ако спортистите се споредат со спортски автомобили како што е Ферари. За да се остварат врвни резултати автомобилот мора да биде беспрекорно подготовен. Секако треба да се внимава и на горивото, маслото за да може целиот систем кој ќе биде оптеретен да ги издржи сите напори.
Иако соработката меѓу Ѓоковиќ и Четојевиќ е завршена, тоа не значи дека се изгубени сите контакти.
– Кога ќе видам дека освоил некој турнир, веднаш му праќам порака со честитки. Стана непобедлив. Многу луѓе го земаат за пример – заврши Игор Четојевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.