Директорката на огранокот на Светската здравствена организација (СЗО) за југоисточна Азија, Пунам Кетерпал Синг, денеска побара властите на државите во регионот во кој живеат над 650 милиони жители и од кои 61 отсто се жени, да преземат пообемни законски и конкретни мерки за заштита на достоинството на девојките и жените. Синг соопшти дека СЗО регистрирала податоци, според кои, во последниве години, една од три припаднички на понежниот пол во оовј регион биле жртви на насилство, најчесто во семејствата. Податоците што ги изнесе Синг се во голема мерка шокантни, особено за познавачите на односите во семејствата на луѓето кои живееат во тоа подрачје. Регионот на југоисточна Азија е познат по високи морални семејни вредности, а во најголем број случаи жените се столб на семејството. Дури и во семејствата во кои мажот има до четири жени, барем порано, немало потценување на ниту една сопруга.
Меѓу најбројниот народ во регионот, Малајците, мајката има значење на возвишеност. Дури и главните градови во малајскиот јазик не се нарекуваат „главни“ , туку „кота“, што значи мајка град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Не е убавината пресудна: Овие работи им се најважни на мажите кога избираат партнерка
-
Жените ќе се грижат за парите во Македонија
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките