Актерката Кејти Холмс по турбулентниот развод од колегата Том Круз немала среќа во љубовта, барем така се мислеше досега.
Кејти веќе две години е среќно вљубена, но засега таа врска не сака да ја експонира во јавноста ниту да зборува за неа.
Избраникот на срцето на актерката е нејзиниот колега Џејми Фокс, пренесуваат светските медиуми.
За љубовта на оваа двојка знаат само нивните ќерки, кои ја поддржуваат нивната љубов, но и желбата сѐ уште да не се промовираат во јавноста како пар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.