| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо и Коста спорот го решија со бакнежи и прегратки

00009853

Бакнежи и прегратки ја разрешиле расправијата меѓу Жозе Мурињо и Диего Коста за време на победата на Челзи со 4: 0 над Макаби (Тел Авив) во натпревар од Лигата на шампионите, изјави шеговито менаџерот на лондончани. Двајцата влегоа во жесток спор по последниот судиски сигнал во првиот дел, но португалецот брзо го изгасна огнот.
– Сакав да се движи на теренот на одреден начин, но тој не го стори тоа. Бев разочаран и реагирав. Тој го стори истото. Во соблекувалната сепак разменивме бакнежи и прегратки, нема проблеми, одговори Мурињо на прашање на новинарите за време на официјалната прес-конференција.
Челзи го победи Макаби со 4: 0 по головите на Гери Кејхил, Вилијан, Оскар и Курт Зума, што им овозможи на англичаните да бидат на чело во група „Г“ во Лигата на Шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top