Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, говорејќи за серијата напади во Босна и Херцеговина во последно време изјави дека станува збор за терористички акти и дека Исламска држава има свои краци и во Босна и Херцеговина, соопшти Танјуг.
Во настапот на српската државна телевизија РТС, Лукач изјави дека неколку стотици лица од Босна и Херцеговина војуваат во Сирија, од кои 40-50 се вратиле во земјата и со себе ги донеле радикалните идеи и идеологијата на злото.
– Имаме доволно информации кои се луѓето што се занимаваат со терористички акции во Босна и Херцеговина, рече Лукач.
Според него, проблемот е во тоа дека водечките политичари во Босна и Херцеговина, особено во Федерацијата Босна и Херцеговина, не сакат тероризмот да го нарекуваат со вистинското име и да кажат кои се луѓето кои се подготвени да извршат терористички акти.
– Сите досегашни терористички акти во Босна и Херцеговина беа поврзани со вахабиското движење, изјави Лукач и додаде дека во Босна и Херцеговина опстојуваат цели енклави, кои не ги признаваат државните закони и живеат според свои правила, во кои полицијата ретко влегува и кои се населени главно со вахабисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Македонците во БиХ од денеска ќе патуваат само со лична карта
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”