Европската комисија одобри 3 милијарди евра за Турција за справување со бегалската криза. Средствата ќе бидат доделени според флексибилен и брз начин, посочуваат од Брисел. Целта е да им се помогне на националните и регионалните власти во Турција за решавање на проблемот со бегалците.
Новиот фонд ќе започне да доделува грантови и да испорачува друга финансиска поддршка за Турција од 1-ви јануари 2016-та година. Средствата ќе бидат насочени кон подобрување на условите за живот на сириските бегалци на територијата на Турција, истакна по одлуката заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, одговорен за законите, меѓуинституционалните односи и владеењето на правото.
Овој предлогот за помош беше дискутиран за време на Европскиот совет на 15-ти октомври, од лидерите на земјите во ЕУ.
Турција е првата земја на патот на бегалците од Сирија кон Европа. Според податоците, цитирани од ЕК, на турска територија се наоѓаат над 2 милиони Сиријци. Анкара коментира дека досега имале трошоци од над 7 милијарди евра за бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.