Од петок, 12 април, па до понеделник, 15 април, во Кинотека на Македонија од 20 часот ќе се прикажуваат дански филмови снимени во 2011 година.
Филмската ревија ќе почне в петок со „Меланхолија“ на данскиот режисер Ларс фон Трир – данско-шведско-француско-германска копродукција, со Кирстен Данст во главната улога.
В сабота ќе биде прикажан анимираниот филм „Жика жабарот“ во режија на Питер Дуд, а в недела „Смешниот човек“ на режисерот Мартин Зандвлит, биографски филм за данскиот комичар Дирк Песер.
Циклусот дански филмови ќе заврши в понеделник со „Суперкласико“ на Оле Кристијан Мадсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.