Претседателите на Турција и САД Реџеп Таип Ердоган и Барак Обама се согласија синоќа дека, откако турски ловец урна руски борбен авион на границата меѓу Турција и Сирија, потребно е да се намали тензијата и да се спречи повторување на слични инциденти.
Претседателите се согласиле дека е многу важно да се намали тензијата и да се постигнат договори со кои ќе се спречат слични инциденти во иднина, се наведува во соопшштението од туското претседателство, по телефонскиот разговор на двајцата претседатели.
Во соопштението се наведува дека Обама за време на разговорот го истакна правото на Турција да го брани својот суверенитет и оти за тоа ја има поддршката од САД и НАТО.
Турската војска собори руски воен авион на границата со Сирија затоа што, според Анкара, го нарушил турскиот воздушен простор, додека руското Министерство за одбрана ги отфрла таквите тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.