| четврток, 6 декември 2018 |

Возење велосипед низ Скопје за почист град

iznajmivelosiped

Од плоштадот „Македонија“ денеска во 17.30 часот ќе почне 43. критична маса на тема „Здрав транспорт за здрави градови!“

Организатор е „На точак“- неформална група скопски велосипедисти, оформена првично преку социјални мрежи. Цел на „На точак“ и на организирањето критична маса во Скопје е популаризација на велосипедот како урбано превозно средство. Критична маса е возење велосипед и се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град.

Освен во Скопје, на истата тема ќе се вози во повеќе градови и во различни термини. Денеска ќе се вози и низ Прилеп, а се тргнува од 17.30 часот од пред споменикот Александар Македонски. Утре ќе се вози во Битола и во Штип, а в недела во Гостивар.

Организаторот апелира до надлежните дека е потребно да се обезбеди простор за сите начини на транспорт (пешачење, возење велосипед, јавен превоз, автомобил), со предност на одржливите начини на транспорт, овозможување повеќе опции и побрзо стигнување со незагадувачкиот здрав транспорт (пешачење, возење велосипед) и јавниот транспорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top