Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги потврди наодите на Турција дека соборениот руски авион го нарушил нејзиниот воздушен простор, но повика на смиреност. Побара мирен процес на решавање на проблемот и повика на дипломатски разговори помеѓу Русија и Турција.
-Она што го бараме во моментов е смиреност и да нема ескалација. Дипломатијата е многу важна за изнаоѓање на решение, но меѓународната заедница мора да избегнува несреќи кои можат да излезат надвор од контрола, рече Столтенберг.
Рускиот претседател Владимир Путин пак, рече дека авионот не го нарушил турскиот воздужен простор, а Турција и забила нож во грб на Русија, за што ќе има сериозни последици.
-Нашата војска храбро се бори со тероризмот…но денешната трагедија е нож во грб, спроведено од соучесници на терористите. Не можам поинаку да го опишам ова. Нашиот авион беше соборен на територија на Сирија од страна на Турција. Тој падна на територија на Сирија, 4 километри од Турција, изјави Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат