Ноќва во 02.00 часот во Полициската станица Центар, Н.Н.(54) од Куманово пријавил дека вечерта во 22.00 часот на Одделот за Гинекологија во Куманово од страна на доктор била породена неговата снаа А.Г., која родила машко новороденче. Но, поради одредени здравствени причини со возило на Брза помош, во присуство на медицинска сестра и надоктор, новороденчето било транспортирано во Клиничката болница во Скопје на Одделот за Детски болести, каде што на неколку минути пред полноќ, од страна на дежурниот доктор било констатирано дека новороденчето било донесено починато.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.