| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно ограбен таксист во Скопје

Утрово околу 05.15 часот во ПС-Чаир, Б.М. пријавил дека околу 05.10 часот од бул.„Партизански Одреди“  до нас.Шуто Оризари со возило „форд фокус“ од такси компанија „Вардар“ превезувал четири непознати лица.

Кога стигнале на ул.„Ѓорѓи Пенков“ тој им рекол дека за услугата треба да платат 280.00 денари. Едно од лицата извадило и му дало 100.00 денари, а потоа патниците му се заканиле дека физички ќе го нападнат и од касетата на возилото одзеле каса со ситни пари со околу 2.000 денари , а од контакт бравата му го извадиле и земале клучот, по што сите лица се упатиле во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top