| четврток, 6 декември 2018 |

За еден „алкател“ претепан средношколец во Скопје

Вчера околу 18.30 часот во близина на студенскиот дом „Томе Стефановски-Сениќ“ во скопска Автокоманда, пет непознати лица физички го нападнале И.А.(17) од Крива Паланка, ученик во АСУЦ „Боро Петрушевски“, а со привремен престој во студентскиот дом, при што му го одзеле мобилниот телефон марка „алкател“, со што му е причинета материјална штета од околу 4.000 денари.

Сторителите му пришле на И.А. одзади грб, едно од лицата му ставило капа на глава, а останатите лица почнале да го удираат со клоци и со тупаници во пределот на телото и и на главата, при што му нанеле видливи повреди, а потоа му го одзеле мобилниот телефон и заминале во непознат правец.

Увид на место на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top