Грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Тоскас потврди дека двајца од терористите вклучени во нападите во Париз поминале од островот Лерос во октомври, но предупреди приливот на бегалците да не се поврзува со тероризмот.
Имаше два инциденти за кои соработувавме со француските власти, и кои се идентификувани во рекордно време. Тие поминале преку Лерос во почетокот на октомври и учествувале во терористичките напади во Париз – изјави Тоскас за радиото „ Реал ФМ“ коментирајќи ги информациите дека некои од терористите што ги извршија нападите во Париз поминале низ Грција.
-Французите побараа информации, а ние им дадовме, бидејќи има добра идентификација во Лерос и ја потврдивме таа информација. Но, ние зборуваме за два случаи меѓу 500.000 луѓе кои пристигнаа од почетокот на оваа година- додаде грчкиот функционер.
На новинарско прашање дали Грција има преземено зголемени безбедносни мерки по нападите, Тоскас рече дека идентификација на островите е потемелна и оти е зголемена безбедноста, меѓу другото, околу области и објекти кои масовно се посетуваат, амбасадите на одредени земји и некои компании. Имаме преземено засилени мерки во центрите за идентификација на островите каде се спроведуваат повеќе проверки и се обидуваме да ги подобриме. Секогаш има простор за подобрување- рече Тоскас и доаде дека има и соработка со други земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција