| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази на домашен терен

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази во АБА лигата откако вечерва загуби на домашен терен од Задар со 72:60 (08:21; 27:07; 17:18 и 20:14).
мзт
Ова за нашиот првак е вкупно седми пораз (четири има во серија) на досега одиграните 11 натпревари. За Задар ова беше петти триумф на последните шест натпревари.
Избраниците на тренерот Алеш Пипан добро го почнаа натпреварот и по 4:4 направија серија од 15:0 за водство од 19:4. Сепак добрата игра на „металците“ траеше само во првата четвртина и гостите од Задар вториот период го добија со 20 разлика и на полувремето имаа предност 35:28.
Во финишот на третиот период МЗТ Скопје поведе во неколку наварти, но сепак гостите имаа контрола над резултатот и натпреварот го завршија со двоцифрена разлика.
Кај МЗТ Скопје најефикасни беа Ѓорѓе Дреновац и Дамјан Стојановски со по 15 поени, а најпрецизен на дуелот беше Американецот Глен Коузи со 19 поени.
На вториот натпревар одигран денеска Цедевита победи на гостувањето кај Металац со 81:79. Вечерва од 21 часот се игра последниот дуел од 11.коло меѓу Сутјеска и Црвена Звезда.
Табела: Будуќност 9-2 (победи-порази), Цедевита 8-3, Мега Лекс 8-3, Црвена Звзезда 7-3, Задар 6-5, Крка 6-5, Игокеа 5-6, Олимпија 4-7, МЗТ Скопје 4-7, Цибона 4-7, Партизан 4-7, Тајфун 4-7, Металац 4-7, Сутјеска 3-7.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top