Според нумерологијата броевите имаат големо влијание на нашиот живот, но во комбинација со точен датум, даваат уште поодредени насоки во животот.
Најпрво, одредете го вашиот личен број со помош на датумот од роденденот, а потоа пронајдете го значењето на броевите.
Вашиот личен број ќе го добиете со собирање на цифрите од датумот на вашиот последен роденден.
На пример, ако последен пат сте славеле роденден на 16.04.2014, кога ќе ги соберете сите цифри 1+6+4+2+0+1+4=18 и ги доведете до едноцифрен број 1+8 = 9, тогаш тоа е вашиот личен број.
На тој број треба да му го додадете датумот кој ве интересира, на пример 23.11 (2+3+1+1), па да ги соберете заедно 9+7=16 до едноцифрен број 1+6=7, што значи дека треба да го прочитате објаснувањето за бројот 7 и да дознаете што ве очекува овој 23-ти ноември.
Истото важи и доколку како резултат добиете некој од другите броеви.
Број 1
Ова е совршен ден за да се изборите за она што го сакате. Бројот еден претставува нов почеток.
Број 2
Овој ден ќе бидете многу отворени за споделување на своите чувства.
Број 3
Најпродуктивни ќе бидете на овој ден.
Број 4
Искористете го овој ден за да го средите домот. Сите обврски кои ги остававте претходните денови сега ќе ви бидат полесни.
Број 5
Ако досега се воздржувавте од искажување, денес е денот за да се отворите целосно.
Број 6
Ова е број на убавината, естетиката и сензуалноста кога зрачите со посебен сексапил. Не се работи само за физичкиот изглед, туку така ќе се чувствувате и однатре.
Број 7
На овој ден ќе ви биде потребно трпение ако сакате да напредувате со амбициите.
Број 8
Денес ќе успеете да воспоставите рамнотежа помеѓу кариерата и приватниот живот.
Број 9
Ова е ден за трансформација во кој ќе се преиспитувате за сè што сте поминале во претходните циклуси. Сè се врти околу прифаќањето на вашите лични искуства и на фактот колку давате од себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.