Најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, синоќа во арената „О2“ во Лондон во финалето на завршниот мастерс турнир во сезоната го совлада Роџер Федерер со 2-0 (6-3, 6-4) во сетови.
Тој по натпреварот даде изјава со која потврди дека „зад секој успешен маж, стои успешна жена“.
Ноле на својот профил на „Твитер“ потврди дека за неговата форма оваа сезона најзаслужна е токму неговата сопруга, Јелена.
– Ти благодарам за сѐ, моја прекрасна жено. за инспирацијата која ми ја даваш секојдневно. Ти ја направи оваа година да биде најдобра во мојот живот – напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Твитер“ и објави фотографија со српската убавица.
Со победата во Лондон искусниот Ѓоковиќ ја заврши сезоната убедливо на првото место со 11 титули сезонава и настап во финалето на 15 од вкупно 16 турнири на кои настапи. Постави рекорди кои тешко ќе бидат надминати во блиска иднина, па дури ги надмина и Федерер и Надал кои важеа за најдобри во овој спорт последната деценија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.