| четврток, 6 декември 2018 |

Во акција на турската полиција против џихадистите на ИД приведени единаесет лица

турска

Турската полиција денеска презела истовремена акција во три округа на земјата, насочена против терористичката група Исламска држава, информира агенцијата „Анадолија“.

Во акцијата на полицијата во окрузите Дијарбекир во југоисточна Турција, Балекешир, во северозападна Турција и Бингол, во источна Турција, приведени се вкупно 11 лица.

Анкара долго време е обвинувана за незаинтересиран однос кон ИД. Но, под притисок на своите сојузници и по серијата атентати на нејзина територија, за кои турските власти ја обвини џихадистичката група, Турција летово се приклучи кон антиџихадистичката коалиција предводена од САД, а која изведува напади врз цели на ИД во Сирија и Ирак.

По двојниот самоубиствен атентат во Анкара на 10 октомври, што го однесе животот на 103 лица, турската полиција ги засили своите акции против џихадистичките ќелиии во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top