Прилепската полиција поднесе кривична пријава против А.Т.(20) и против едно лице на возраст од 17 години, двајцата од Прилеп, поради насилство.
На 19 септември годинава, С.М. со своето возило „даеву ланос“, во кое биле неговите сопруга, ќерка и татко, додека се движел од Плетвар кон Прилеп, бил престигнат од патничко возило „БМВ“ управувано од првопријавениот, а поради неотстапување на предност на минување му го попречило патот на С.М. По ова, од возилото „БМВ“ излегол А.Т. и со дрвена палка почнал да удира по возилото на оштетениот по што излегле С.М. и неговиот татко, кои биле нападнати од страна на пријавените со дрвен предмет и со стаклено шише, при што им биле нанесени телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.