Откако Реал Мадрид беше декласиран во „Ел Класико“ од Барселона со 0-4 на „Сантијаго Бернабеу“ во шпанските медиуми изглеа многу контроверзни информации дека Рафа Бенитез во најбрз можен рок ќе биде отпуштен, а најголем виновник за тоа би бил Кристијано Роналдо, кој поставил ултиматум со изјавата, „Јас или он“!
Сепак, засега нема никакви најави околу тоа, но сѐ почесто како наследник на клупата на Бенитез беше споменуван поранешниот француски ас Зинедин Зидан, кој сега се наоѓа на клупата на Б составот на Реал Мадрид кој се натпреварува во третата лига.
Самиот Зидан излезе со изјава дека воопшто не помислува на такво нешто и ги демантира шпекулациите и медиумите во Шпанија.
– Сега сум тренер на Б-тимот каде што работам со помладокот. Воопшто не размислувам за местото прв тренер во сениорскиот состав бидејќи сѐ уште да учам. Бенитез е главен тренер таму, а јас сум на Кастилја. Сѐ уште не се чувствувам подготвен за еден таков голем чекор. Ми претстои долг пат, а тренерите и онака никогаш не се целосно формирани, мора цело време да работат на себе и да напредуваат – изјави Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)