Во центарот на Скопје ќе се гради двокатна улица, поточно раскрсница на две нивоа, предвидена за кај Бит-пазар, односно меѓу Судска палата и ТЦ Мавровка.
За оваа улица на два ката, која воедно е и прва од ваков тип во Македонија, за годинава е предвидено да биде изработена проектната документација што ќе чини три милиони денари.
Град Скопје планира да потроши нешто повеќе од една милијарда денари или 16,6 милиони евра во инфраструктурни проекти со кои се очекува дополнително да се подобрат условите и кои се од суштинска важност за жителите во главниот град.
За изградба и за реконструкција на улици, патишта, мостови, водоводна мрежа и атмосферска и фекална канализација, градската власт планира да обезбеди 850 милиони денари. Од нив, 750 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходи од уредување на градежно земјиште, а останатите 100 милиони од приходи од легализација на дивоградби.
Најголем дел од парите, и тоа повеќе од 818 милиони денари, ќе се потрошат во изградба и за реконструкција на улици и патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.