Последното остварување на Вим Вендерс, „Сѐ ќе биде во ред“, кој премиерно беше прикажан на штотуку завршниот Фестивал на европскиот филм „Синедејс“, од четврток ќе почне да се емитува во кината низ Македонија.
Филмот внимателно и точно ја раскажува приказната за вината и потрагата по прошка, и за фактот дека не лечи времето, туку храброста да се соочиме со нештата и да простиме. Посебно самите себеси. Ова е приказна за еден писател, кој по кавгата со девојка му, бесцелно вози, и случајно ќе прегази дете и ќе го убие. Несреќата и последиците од неа оставаат длабоки трауми кај него. Во текот на следните 12 години тој страда, обидувајќи се да пронајде смисла во тоа што се случило и да продолжи со животот, но секој пат кога ќе се погледне во огледалото, тој гледа убиец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура