Во биографијата за принцот Хари „Хари: принцот на народот“ (Harry: The People’s Prince) се откриени нови детали за неговото детство. Додека растел, синот на принцезата Дајана не бил сигурен дали принцот Чарлс му е вистински татко затоа што кружеле гласини дека тој, всушност, е дете на капетанот на кралската коњаница, Џејмс Хјуит.
Авторот на биографијата, Крис Хачинс, пишува за сомнежите што го опседнувале Хари во детството. Медиумите тогаш шпекулирале дека неговиот вистински татко не е принцот Чарлс, туку Џејмс Хјуит. Хари него го доживувал како пријател на неговата мајка, а не знаел дека тие двајца биле во врска. Се претпоставува дека токму капетанот на кралската коњаница го инспирирал принцот да стане војник.
Додека Вилијам обожавал сложувалки, Хари се играл во униформата која Хјуит ја нарачал специјално за него. Младиот принц со задоволство слушал приказни од војската и фантазирал еден ден да стане дел од неа.
Кога медиумите првпат ги изнеле сомнежите дека Хјуит е татко на Хари, принцот бил збунет. Меѓутоа, Хјуит во 2002 година ги демантира гласините.
– Јас не сум татко на принцот Хари. Бев во врска со Дајана, но тоа беше сѐ. Сите велат дека сме исти, но Хари е позгоден отколку што бев јас некогаш – рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.