Американската “лесна“ нафта (WTI) за испорака во декември поскапе три центи на 40,57 долари за барел, додека за 11 центи се зголеми цената на сировата нафта од типот “брент“на 44,29 долари. WTI во петокот за кратко падна под 40 долари, но брзо се врати, пренесе Лидер.
Продолжението на растот на залихите на овој енергент во САД ја потврди претпоставката дека високите залихи на светско ниво ќе потраат и идната година, кога Иран ќе го зголеми производството, пренесе Франс прес.
Членките на ОПЕК веќе подолго време им се спротивставуваат на притисоците да го намалат обемот на производство во светло на високите залихи и така да го спречат падот на цените.
Но, клучните членки на ОПЕК, на чело со Саудиска Арабија, одбиваат да го сторат тоа, бидејќи сакаат да го задржат пазарниот удел. Силниот долар исто така ги држи цените на нафтата на ниско ниво. Со нафтата се тргува во долари, па неговото јакнење доведува до пад на побарувачката, бидејќи силниот долар ја чини нафтата поскапа за купувачите, кои имаат послаби валути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.