Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во вторник доаѓа во Скопје, јави телевизијата „24 вести“ повикувајќи се на свои извори.
Посетата на Ештон, која е прва на земјава во нејзиниот досегашен четиригодишен мандат на чело на европската дипломатија, е дел од регионалната турнеја во која Ештон ќе се обиде да издејствува исчекор во Белград и Скопје за клучните предуслови што ги имаат двете метрополи за напоредокот кон ЕУ – Белград со договорот со Приштина, а Скопје со напредокот во преговорите со името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.