| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните и источните делови од земјата. На највисоките планини особено во западните делови ќе има услови за повремен снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час.

есен

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен претежно југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следниот период од понеделник до среда ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде над нула, а дневната ќе биде во постепено опаѓање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top