Во саботата наутро, четири жени во Торонто нападнале и сексуално злоупотребиле 19-годишно момче.
Четирите осомничени се опишани како жени со бела боја на кожата и среден раст од околу 165 сантиметри и тешки по околу 100 килограми, кои во момент на нападот биле облечени во кратки црни фустани и чевли со високи потпетици.
Полицијата во Торонто сѐ уште трага по нив.
Инцидентот се случил во раните утрински часови кога момчето во еден ноќен клуб во Торонто ги запознал осомничените, кои му понудиле да го возат до дома.
Но, наместо да го возат дома, тие го однеле на еден паркинг каде што сите четири сексуално го злоупотребиле, стои во писмената изјава која жртвата ја дала во полиција.
Потоа четирите жени со теренско возило марка „хонда“ си заминале од местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.