| четврток, 6 декември 2018 |

„Ел Класико“ ќе започне со „Марсељезата“

По примерот во Премиер лигата, и Шпанската фудбалска федерација одлучи големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, познато како „Ел Класико“ да започне со француската химна „Марсељеза“.
Покрај големото дерби и сите други натпревари од 12.коло во Примера дивизија ќе започнат со химната на Франија во чест на загинатите граѓани во Париз по добропознатите терористички акции минатиот петок.
Со тоа шпанскиот народ сака да покаже дека сочувствува со француската нација, а и добро им се познати и терористичките напади на нивно тло. Пред 11 години имаше напади во Мадрид при што загинаа 191, а повредени беа над 1.800 лица. Минатата недела во Париз загинаа 129, а повредени се околу 350 лица.
Со ова, Ла Лига се приклучува на Премиер лигата која вчера, исто така, донесе одлука, натпреварите од 13. коло да се почнат со интонирање на “Марсеjезата”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top