Турската полиција во две одделни акции изминативе денови заплени речиси 11 милиони таблети каптагон, стимулативна дрога и извор на средства во Сирија, објавија денеска турските медиуми.
Во две одделни полициски акции во покраината Хатај, на границата со Сирија запленети се 10,9 милиони таблети каптагон. Во првата акција во средата биле откриени 7,2 милиони таблети каптагон во 1.300 филтри за масло за мотори. Еден ден подоцна останатото количество каптагон било откриено во еден магацин.
Во полициските акции приведени се двајца Турци и еден Сиријец. Дрогата била произведена во Сирија и била наменет за земјите од Персискиот Залив.
Катагонот е дрога на база на амфетамин, кој се користат како стимуланс од џихадистите во Сирија. Тоа е најпопуларната дрога на Блискиот Исток. Тргувањето со каптагон претставува важен извор на средства за некои групи кои се борат во Сирија. Либанските власти минатиот месец на аеродромот во Бејрут уапсија еден саудиски принц, кој се обидел да пренесе во Ријад речиси два тона таблети каптагон. Катагонот е психостимуланс кој содржи амфетамин и кофеин и е иделана дрога за потиккнување на агресивноста и отстранување на стравот и болката. Тоа е најраспространета дрога меѓу борците на Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.