Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на Спортски тренинг камп на ФК „Вардар“ во Општина Гази Баба.
Почетокот на настанот е предвиден за на пладне. Тренинг кампот е граден според најмодерни европски стандарди. Истиот е реализиран преку моделот на јавно приватно партнерство и е прв од ваков вид во Македонија, објави ФК Вардар вчера на својот официјален клупски сајт.
Кампот ќе има две фудбалски терени, од кои еден со вештачка трева, 16 соби за играчите на македонскиот првак, три апартмани, просторија за теоретска и видео анализа, како и ресторан за фудбалерите.
Исто така, премиерот Груевски денеска ќе оствари посета на Општина Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски