Филмаџии од Европа денеска во атарот на мариовското село Мегленци почнаа со снимање филм во македонскоиталијанскафранцускаалбанска копродукција.
Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци бил информиран дека станува збор за интересна животна приказна на едно албанско семејство, а за најпогодно го избраа мариовското село Мегленци.
– Општина Новаци изобилува со богато културно историско наследство, 41 населено место, над 90 цркви и манастири и многу интересна карактеристична архитектура особено во мариовскиот дел. Оттаму се поголема е заинтересираноста на филмските работници да снимаат токму на овие простори. Денес се наоѓаме на сетот на филм кој е интересна животна приказна на едно албанско семејство иселено во Италија. Се надевам дека ќе има уште поголем интерес за снимање на филмови и серии на наша територија и ние како општина ќе направиме се што е во наша моќ тоа да го поддржиме и да им обезбедиме услови за работа – нагласи Котевски.
Филмот кој се снима во Мегленци, според жанрот, е драма, приказна за едно албанско семејство, татко и син, кое живее во Италија. Синот прави злосторство за кое треба да одговара, а таткото доброволно се пријавува како сторител на дејствието заради што одлежува затворска казна. По излегувањето на слобода таткото затекнува една поинаква ситуација од онаа која што ја оставил пред неговото затворање – синот е политичар кој се што спечалил татко му испустил.
Таткото решава да ја напушти Италија и да се врати во родната грутка во своето албанско село, но во семејната куќа затекнува дивонаселено семејство – мајка и две ќерки кои нашле засолниште бегајќи од своето семејство заради опасност од крвна одмазда, е дел од сценариото на филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


