Според “Дневни аваз”, во тунелот Салаковац во близина на Мостар е пронајдена експлозивна направа која била активирана во предниот дел од возилото на генералот Анте Јелец, началникот на Генералштабот на вооружените сили на БиХ.
Тунелот е затворен, а исто така и поширокото подрачје е блокирано од страна на полицијата. Според полициски извори, ескплозивната направа најверојатно е фрлена од возило во движење. Експлозивната направа била активирана и оставила кратер, но за среќа генералот Јелец и ниту било кој од неговата придружба е повреден. Полициски екипи се на местото на настанот и се истражуваатат сите детали. Паралено тече и потрагата по напаѓачите.
Наспроти шпекулациите на тамошните медиуми кои пренсоа дека станува за терористички напад, офцијалните служби се уште не се произнесоа по повод тие написи.
Портпаролот на МО на БиХ Ума Синановиќ, ја потврдиа информацијата за “Дневни аваз”.
Генералот Јелец го потврди инцидентот, но не можеше да каже повеќе детали.
-Имаше експлозија во тунел Салаковац. Јас не сум повреден, ниту моето возило беше оштетено. Само помина низ чадот. Тоа го видов дека и го пријавив нао полицијата. која ја води истрага”, рече Јелец.
Пред два дена Енес Омерагиќ во сараевската населба Рајловац уби двајца војници на војската на БиХ, а потоа изврши самоубиство во својата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.