| четврток, 6 декември 2018 |

Весна Бејби: Со Џамбазов научив да бидам подобра, да имам повеќе трпение

Јас, Игор и То­ни са­ка­ме по по­дол­го вре­ме да би­де­ме за­ед­но ка­ко тим, и тоа тим кој по­бе­ду­ва. Зна­е­те ка­ко, ко­га ќе се со­бе­рат трој­ца врв­ни во сво­ја­та ра­бо­та, да­ва­те на­деж де­ка по­сто­јат уба­ви ра­бо­ти, ус­пеш­на при­каз­на без ин­фи­ци­ра­ни тки­ва од стра­на. Зго­ра на сè, се поз­на­ва­ме мно­гу до­бро, се под­би­ва­ме ме­ѓу се­бе, не се лу­ти­ме, но зна­е­ме што са­ка­ме

Таа е единс­тве­на­та што ус­пеа да го вра­ти на те­а­тар­ска­та сце­на, ма­кар за ед­на прет­ста­ва. Не­ко­гаш под­на­лу­те­ни, но се­ко­гаш при­ја­те­ли, Вес­на Пе­тру­шев­ска и Игор Џам­ба­зов под­го­тву­ва­ат ду­о­дра­ма, ко­ја ќе ја рас­ка­же нив­на­та за­ед­нич­ка при­каз­на. За да ис­пол­ни кру­гот со­вр­ше­на, цвр­ста ли­ни­ја, ре­жи­ја­та е во ра­це­те на То­ни Ми­хај­лов­ски. Оче­ку­ва­ња­та и од нив­на стра­на и од стра­на­та на пуб­ли­ка­та се огром­ни, но ни­кој не се сом­не­ва де­ка ќе ги ис­пол­нат. И по­ве­ќе од тоа.

 

Ко­га се ро­ди иде­ја­та да се на­пра­ви прет­ста­ва со Џам­ба­зов?

Пе­тру­шев­ска: Пред­ла­гам мал­ку да осве­жи­ме ме­мо­ри­ја… Џам­ба­зов ја ре­жи­ра­ше мо­ја­та пр­ва мо­но­дра­ма „Мер­лин Мон­ро пак ли“, а не­кол­ку го­ди­ни по­доц­на играв­ме за­ед­но ка­ко парт­не­ри во „Цр­ни кук­лич­ки“. По долг пер­и­од од не­го­во­то па­у­зи­ра­ње во те­а­та­рот, за­ед­но од­лу­чив­ме де­ка е вре­ме да на­пра­ви­ме про­ект кој не­што зна­чи за нас двај­ца. Зна­е­те ка­ко, има пер­и­о­ди во жи­во­тот ко­га са­каш пре­ку прет­ста­ва да ка­жеш што мис­лиш, ка­ко се чув­ству­ваш, а ка­ко што сѐ ста­ну­ва бес­мис­ле­но ов­де кај нас, ние мо­ра да чеп­не­ме под по­вр­ши­на­та за да ја нај­де­ме смис­ла­та. Иде­ја­та за на­ши­от иден про­ект е за­ем­на­та љу­бов, про­сту­ва­ње­то и по­чит­та.

scw167-vesna-bejbi-petrusevska-2

Има­ше пер­и­од ко­га од­но­си­те со не­го не ви беа баш нај­до­бри. Вие во ед­но ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ ре­ко­вте де­ка сте му ло­јал­на до крај и та­ка ќе оста­не. Ка­ко се слу­чи тој пре­сврт во од­но­си­те?

Пе­тру­шев­ска: Ко­га чо­век пре­­бро­ду­ва раз­вод ка­ко што по­ми­на Игор, пос­ле и јас, има­те мнош­тво не­по­треб­ни ин­фор­ма­ции кои стиг­ну­ва­ат до вас, по­го­ле­ми­от дел од нив се по­греш­но пре­не­се­ни. Јас му оста­нав ло­јал­на до крај за­тоа што, на­ви­сти­на, од дно­то на ср­це­то му по­са­ку­вав нај­до­бро и зна­ев де­ка е по­гре­шен сплет на окол­но­сти, но се­кој има пра­во да по­ста­пи спо­ред сво­и­те чув­ства и тоа е ле­ги­тим­но. Ви­стин­ски­от чо­век што по­втор­но нè спои е Ми­на, ко­ја го сле­де­ше за вре­ме на не­го­во­то шоу „Џиш“, и еден ден изра­зи жел­ба да го ви­ди. Пре­ку на­ша за­ед­нич­ка дру­гар­ка Бо­то­ва­ча, Ми­на поч­на да оди кај не­го на го­сти, да сви­рат ги­та­ра, да пе­ат, па пос­ле Игор ја по­ка­ни да игра­ат за­ед­но во шо­у­то, па имаа исти ма­ич­ки за не­го­ви­от кон­церт, се дру­жеа ба­рем ед­наш не­дел­но. Пос­ле сѐ е исто­ри­ја… Тоа што му се слу­чи здрав­стве­но мно­гу ме по­го­ди за­тоа што на гна­си кои зас­лу­жу­ва­ат ни­што не им е, но на уба­ви лу­ѓе е ка­ко не­среќ­на ло­та­ри­ја. То­гаш ти е јас­но де­ка са­мо не­кол­ку­ми­на сме си важ­ни во на­ши­те жи­во­ти. Не сме са­мо за еден ден, за цел жи­вот сме… Пр­ви­от ден ко­га оти­дов да го ви­дам, уба­во се из­нап­ла­кав на пар­кин­гот пред „Фи­лип Вто­ри“, кај Жан Ми­трев. Се се­ќа­вам, му се ја­вив на Трен­да­фил, Аце, да пра­шам, па оти­дов и дре­мев на пар­кин­гот. Во тие мо­мен­ти се хра­бри­те се­бе­си де­ка сè ќе би­де во ред, а всуш­ност се пла­шиш од за­гу­ба. Се ка­чив го­ре и го ви­дов, се воз­др­жу­вав, се сме­ев, а Игор ме те­ше­ше, ка­ква иро­ни­ја, не­ли? След­ни­от пат на ба­ра­ње на Игор дој­де и Ми­на и сè бе­ше по­лес­но, таа му да­ва­ше со­ве­ти за здрав жи­вот.

 

И по­крај сѐ што ни се слу­чи во жи­во­тот, зна­еш, го­ди­ни­те си го пра­ват сво­е­то, ко­га се­га зна­е­ме де­ка двај­ца­та за­ед­но има­ме 100 го­ди­ни, не мо­же­ме да се од­не­су­ва­ме ка­ко да има­ме по 20 го­ди­ни. Не­кои ра­бо­ти во жи­во­тот се про­сту­ва­ат, ама не се за­бо­ра­ва­ат, но мис­лам де­ка ние си про­стив­ме, но и за­бо­ра­вив­ме – ова се збо­ро­ви на Игор за ва­ши­от ме­ѓу­се­бен од­нос. Му ги про­сти­вте и му ги за­бо­ра­ви­вте ра­бо­ти­те кои мо­же­би не­ко­гаш ве по­го­ди­ле?

Пе­тру­шев­ска: Ме по­го­ди отсус­тво­то на Игор од мо­јот жи­вот, не­го­во­то иг­но­ри­ра­ње, кое па­тем и јас го до­жи­ве­ав ка­ко нај­го­ле­ма шла­ка­ни­ца и ја прак­ти­ку­вам, искре­но ви ги ште­ди вре­ме­то и нер­ви­те, ме по­го­ди из­гу­бе­но­то вре­ме кое мо­жев­ме да го по­ми­не­ме про­ду­ктив­но, но не ми из­ле­гу­ва­ше од гла­ва. По­сто­ја­но бе­ше со ме­не и се мо­лев за не­го­во­то здрав­је и сре­ќа. Јас со Игор на­у­чив да би­дам по­до­бра, да имам по­ве­ќе тр­пе­ние, да мис­лам по­и­на­ку… Да про­стиш е нај­те­шко, да за­бо­ра­виш исто, но са­мо ви­стин­ски­те при­ја­те­ли уме­ат. Јас имам не­кол­ку ви­стин­ски при­ја­те­ли и сум пре­среќ­на. Ед­наш не­дел­но има­ме се­меј­на друж­ба со Игор и таа ни ста­ну­ва тра­ди­ци­о­нал­на, ни не­до­ста­су­ва ко­га ќе про­пу­шти­ме сред­ба, пе­е­ме, сви­ри­ме ги­та­ри, се фо­то­гра­фи­ра­ме, ру­ча­ме… Уба­во ни е!

 

Toni-Mihajlovski

Со ва­ква еки­па се­кој текст ќе прив­ле­че вни­ма­ние

Ние акте­ри­те сме ка­ко ви­но кое ста­рее, са­мо да не е отво­ре­но, да не скис­не

Ка­ко дој­де То­ни Ми­хај­лов­ски во три­о­то што под­го­тву­ва нов про­ект? Џам­ба­зов нај­а­ву­ва­ше де­ка на сце­на би се вра­тил са­мо по­ра­ди те­бе, одед­наш из­ле­зе про­ект со Вес­на, во кој, на кра­јот, се вклу­чи и ти.
Ми­хај­лов­ски: Вле­гов по по­ка­на на двај­ца­та. Уба­ва по­ка­на. Кој не би са­кал да ра­бо­ти со акте­ри ка­ко Игор и Вес­на. Сум ра­бо­тел со двај­ца­та и знам со ко­го имам ра­бо­та. Тоа што јас го имав за­мис­ле­но ка­ко про­ект со Џам­ба­зов оста­ну­ва. Тој по дол­го вре­ме се вра­ќа на сце­на­та, тоа е вред­но за спом­ну­ва­ње, пре­диз­вик е и за пуб­ли­ка­та и за не­го. Знам по се­бе, ко­га чо­ве­кот ќе на­пра­ви го­ле­ма па­у­за од сце­на­та, со­би­ра но­во искус­тво и са­ка да го ис­пу­ка од се­бе, прем­но­гу аку­му­ли­ра. Ве­ру­вам де­ка тоа му се слу­чу­ва и на Игор. Тоа ќе би­де не­кој нов Игор, си­гур­но низ го­ди­ни­те не­го­ви­те пог­ле­ди за актерс­тво­то се про­ме­не­ти. Ние акте­ри­те сме ка­ко ви­но кое ста­рее, са­мо да не е отво­ре­но, да не скис­не. За Вес­на што да ка­же­ме, вле­гу­ва во оние актер­ки што оста­ви­ле го­лем ба­гаж зад се­бе.

Вес­на ре­че де­ка вие фра­е­ри­шта­та тре­ба да се сог­ла­си­те со тек­стот од кој ѝ ла­зат мор­ни­ци.
Ми­хај­лов­ски: Ка­ко џентл­ме­ни ќе ѝ ја ис­пол­ни­ме жел­ба­та, но ќе про­ба­ме да ја раз­у­бе­ди­ме.

Ми­хај­лов­ски ка­ко ре­жи­сер.
Ми­хај­лов­ски: Сѐ уште не­мам ма­ги­стри­ра­но, заг­ла­вив на два ис­пи­та, но ќе би­де и тоа. Со ва­ква еки­па, кој би­ло текст мо­же да се про­из­не­се на сце­на и тоа да прив­ле­че вни­ма­ние. Се ра­бо­ти за текст по кој до­се­га се игра­ло прет­ста­ви, но бит­но е ка­ко ние ќе го скло­пи­ме тоа, во кој жанр ќе го прет­ста­ви­ме. По­ра­ка мо­же да се ис­пра­ти од се­ка­де, од по­шта, на „Фејс­бук“, пре­ку СМС, на ме­ил. Те­а­та­рот е за­ба­ва. И нај­страш­ни­те ра­бо­ти тре­ба да ги прет­ста­ви­ме на еден по­и­на­ков на­чин, да со­др­жи и по­за­ба­вен дел.

 

Џам­ба­зов во ед­но ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ ре­че де­ка ако се вра­ти на сце­на, тоа ќе би­де по ви­на на То­ни Ми­хај­лов­ски. Ве­ќе во след­но­то ин­терв­ју при­каз­на­та се про­ме­ни – По Но­ва го­ди­на јас и Вес­на ќе на­пра­ви­ме не­што што ни­кој не го оче­ку­ва, То­ни се­га е пре­за­фа­тен. На крај во це­ла­та при­каз­на се по­ја­ви и То­ни Ми­хај­лов­ски. Ка­ко дој­де до со­ра­бо­тка на ова слав­но трио?

Пе­тру­шев­ска: То­ни Ми­хај­лов­ски е на пост­дип­лом­ски сту­дии за ре­жи­ја кај Ун­ков­ски, и на­ви­сти­на бе­ше пре­за­фа­тен, ја смис­лив­ме нај­до­бра­та фор­му­ла, а тоа е То­ни да би­де ре­жи­сер на про­е­ктот. Са­ка­ме по по­дол­го вре­ме да би­де­ме за­ед­но ка­ко тим, и тоа тим кој по­бе­ду­ва. Зна­е­те ка­ко, ко­га ќе се со­бе­рат трој­ца врв­ни во сво­ја­та ра­бо­та, да­ва­те на­деж де­ка по­сто­јат уба­ви ра­бо­ти, ус­пеш­на при­каз­на без ин­фи­ци­ра­ни тки­ва од стра­на. Зго­ра на сѐ, мно­гу до­бро се поз­на­ва­ме, се под­би­ва­ме ме­ѓу се­бе, не се лу­ти­ме, но зна­е­ме што са­ка­ме. То­ни ќе ра­бо­ти со сво­јот тим, има ли не­што по­у­ба­во и по­кре­а­тив­но, по­воз­буд­ли­во. Ете, јас ед­вај че­кам.

scw167-vesna-bejbi-petrusevska-3

Пуб­ли­ка­та оче­ку­ва мно­гу смеа, ин­те­ли­ген­тен ху­мор во кој е прес­ли­ка­на ре­ал­но­ста. Да­ли тоа е она што ќе ѝ го по­ну­ди­те на пуб­ли­ка­та по Но­ва го­ди­на?

Пе­тру­шев­ска: Се­ка­ко де­ка тоа ќе би­де прет­ста­ва со мно­гу ху­мор, дос­лед­на на на­ша­та естет­ска ре­цеп­ци­ја, по­ра­ка ко­ја ќе ја раз­бу­ди пуб­ли­ка­та, сѐ уште не го откри­вам тек­стот за­тоа што не­де­ла­ва тре­ба да пре­се­че­ме, се мис­ли­ме по­ме­ѓу два тек­ста, од­лу­ка­та ќе би­де те­шка, но ви­стин­ска. Мор­ни­ци ме ла­зат од ед­ни­от текст, го со­ну­вам, но фра­е­ри­шта­та тре­ба да се сог­ла­сат. Ед­вај че­кам про­цес на ра­бо­та, да ја ка­же­ме на­ша­та за­ед­нич­ка при­каз­на на сце­на, не­про­цен­ли­во искус­тво, тоа оста­ну­ва, ние, се­пак, на кра­јот од де­нот жи­ве­е­ме за ап­ла­уз. Са­кам ова­ции!

Пишува: Марина Костовска
Фото: Ѓорѓи Личовски
(Текст објавен во 167. број на неделникот „Република“, 13.13.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top