Две илјади евра изнесувала платата на директорот на Паркинзи центар колку што покажува документот кој попладнево беше обелоденет. Прецизно 119 илјади денари или приближно две илјади евра месечно земал од општинската каса Саша Богдановиќ кој воедно е и прв човек на СДСМ Центар.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар кој и го објавија самиот документ посочуваат дека тоа е доказ за расипништвото на именувани функционери од СДСМ и ЛДП кои изгледа не ги интересира ништо друго освен личниот интерес и личното богатење.
Додека СДСМ тера популизам и сака да се прикаже за заштитник на средната класа, нивните функционери земаат по 2 илјади евра месечни примања колку што изнесува нето платата на Богдановиќ.
Се отвора сериозен сомнеж за прекршување процедурите и правилата и она што засега е непознато како самиот си ја определил платата. Во меѓувреме додекаБогдановиќ на сметка на центарци се богати, граѓаните се прашуваат зошто не се реализираат ветените проекти од страна на Жерновски. Комуналните проблеми, неасфалтираните улици и нереализацијата на ветеното е главната одлука на Жерновски кој пак во јавноста се прави жртва дека неговиот буцет е премногу мал. Но очигледно тоа не е пречка за енормно високотата плата на Богдановиќ.
ПОЦ со директор со најголема плата и дувло на партиски војници од СДСМ
Непотизам, партиски вработувања и беззаконие. Паркинзи Центар стана препознатлив како дувло на партиски вработувања. За само 2 години Андреј Жерновски и Саша Богдановиќ во “Паркинзи Центар “ вработиле 67 лица по партиско-роднинска релација.
Саша таму го поставил својот кумашин Ѓорги Димитриевиќ за раководител на Сектор во јавното претпријатие. Жерновски и Богдановиќ во “Паркинзи Центар“ го вработиле и бившиот советник на СДСМ во општината, Александар Цветановски- Бабуш, кој сега во “ ПОЦ“ е одговорен за внатрешна контрола.
Таму ја вработиле и ќерката на актуелниот советник на СДСМ во Центар Никола Георгиевски, Ана Георгиевска.
И фамилијата на веќе добро познатиот Дејан Тодоровски- Гзе си го нашла своето место во прегратката на Жерновски и Богдановиќ. Тој беше познат по скандалот кога во кафeани наместо од својот џеб плаќаше од општинските пари. Но Жерновски и Тодоровски не запираат тука, од пред некое време братот на Гзе, Бранислав Тодоровски работи во “Паркинзи Центар“, а во општина центар е вработена и Јулијана Михајлова која е ќерка на сопругата на Гзе.
Во “ПОЦ“ се вработил и Никола Савовски кој беше кандидант за советник на листата на СДСМ, а неговиот татко, Ратко Савовски, е раководител на сектор во општината.
Во Паркинзи Центар се вработил и поранешниот претседател на СДСМ Центар Фјодор Доброхотов, кој остана запаметен во јавноста како директор на Македонски Шуми кој беше осомничен за проневера на над 2 милиони евра.
По најскапо платениот хаус мајстор, Саша Богдановиќ е најскапо платениот дирекор во државата
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски ова лето беше во средиштето на нов скандал, деградирајќи ја инспекциската служба во Општина Центар и сакајќи да ја стави во функција на своите лични и партиски цели и интереси, донел решение да го унапреди општинскиот хаусмајстор, ни повеќе ни помалку туку за најмалку 10 скалила понапред во раководител на сектор и тоа на инспекциските служби во Општината Центар. Така да главен иснпектор цо центар стана поранешниот Хаус мајстор.
Граѓаните на Општина Центар имаат право да ја знаат вистината, порачуваат од општинскиот комитет Центар на ВМРО-ДПМНЕ.Тие велат дека станува збор за дрско и безочно манипулирање со јавноста од страна на директорот на ЈПЦ ПОЦ Саша Богдановиќ додавајќи дека на тој начин тој сака да го сокрие багателното богатење на сметка на институцијата што ја раководи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.