| четврток, 6 декември 2018 |

Вилијамс ја повлекоа жалбата за Маса

1

Ф1 тимот Вилијамс одлучи да не продолжува со жалбата на одлуката на стјуардите од Гран при на Бразил. Минатата недела нивниот пилот Фелипе Маса беше дисквалификуван од неделната трка на домашната патека „Интерлагос“ и тимот веднаш поднесе жалба. Причината беше недоследност во температурата на задната десна гума пред стартот на трката.
Вилијамс веднаш изјави дека, гумата на колата на бразилецот одговорала на барањата на Пирели и имаат докази, но сега тимот одлучи дека не вреди да продолжува да вложува време и средства во спорот, бидејќи казната и без тоа не се одразува на нивната позиција во шампионатот.
Во соопштението на тимот пишува дека, тие нема повеќе да ја оспоруваат одлуката, бидејќи датумот за сослушување на случајот и без тоа нема да биде пред крајот на сезоната, време во кое екипата веќе ќе биде фокусираат на кампањата 2016.
– Имајќи ги во предвид финансиските услови во спортот во моментов и фактот дека одлуката не влијае на позицијата на тимот на табелата, решивме да не правиме непотребни трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top