| четврток, 6 декември 2018 |

Жан-Пол Белмондо наполни 80 години

Големиот француски актер Жан-Пол Белмондо вчера го прослави 80-тиот роденден. Иако од 2001 година актерот ретко снима филмови и игра само на театарската сцена, останува еден од најпознатите, омилени и популарни француски актери.

Белмондо дебитираше на големото платно во 1950 година во Париз. Во 70-тите години тој е на врвот на славата, а претежно се појавува во акции и во комедии. Интересно за него е што речиси во сите свои филмови сам ги снимал каскадерските сцени. Сликата на млад бунтовник со неодолива насмевка направи од него вистински идол меѓу европската младина во овие години.

Белмондо работи со светски познати режисери, како Годар, Марсел Карне, Жан-Пјер Мелвил и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top