| четврток, 6 декември 2018 |

Потребни се реформи во шенгенот, но и во други области, смета Орбан

орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека Европската унија изминатите години се соочила со големи предизвици и оти е крајно време да се разгледаат сите параметри, кои ја поврзуваат, а потоа да се унапреди нејзината спогодба за основање.

Коментирајќи го предлогот на Холандија во ЕУ да се воведат построги мерки по прашањето за контрола на границите, познат како предлог за формирање на „мини Шенген“, Орбан нагласи дека не само што Шенгенот денеска е неефикасен, туку и другите аспекти на ЕУ треба да бидат реформирани.

Орбан нагласи дека поради бегалската криза и зголемената опасност од терористички напади неопходни се нови безбедносни и погранични контроли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top