| четврток, 6 декември 2018 |

Сепаратистите подготвуваат офанзива во Донбас?

Украинското разузнавање соопшти дека има сознанија оти проруските сепаратисти со помош на воени експерти од Русија, подготвуваат офанзива во реонот на Донбас, јави украинската агенција Укринформ. ­

Ukraine

 

– Забележавме неколку знаци кои укажуваат на подготовки за офанзивни акции, изјави раководителот на Разузнавачкиот оддел при украинското Министерство за одбрана, Вадим Скибитски.

Во изјава за украинската телевизија ДТ.УА, Скибитски нагласи дека разузнавачите регистиррале и присуство на руски воени офицери во деловите од регионите Донецк и Луганск, што се под контрола на сепаратистите. ­

– Таму се присутни воени команданти со различни чинови на руските вооружени сили, додаде Скибитски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top